Италијанец фатен во Хрватска со 25 килограми кокаин (ФОТО)

Речиси 25 килограми висококвалитетен кокаин се пронајдени во автомобил на 49-годишен италијански државјанин при контрола на полицијата и хрватската царина на Јадранскиот автопат кај Бачина, соопшти денеска полицијата.

Дрогата, што ја намирисало службено куче, била пронајдена вчера попладне, спакувана во 11 пакувања и скриена под сопатничкото седиште, а била наменета за западноевропскиот пазар.

Заплена на кокаин во Хрватска/ Фото: Министерство за внатрешни работи

Началникот на Дубровничко-неретванската полициска управа, Иван Павличевиќ денеска истакна дека станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во јужна Хрватска во последните 20 години.

Заплена на кокаин во Хвратска/ Фото: Министерство за внатрешни работи

Павличевиќ наведе податоци од една студија дека годишната потрошувачка на кокаин во Загреб е од 47 до 50 килограми.

Италијанскиот државјанин во чиј автомобил е пронајден кокаинот е уапсен и се наоѓа во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот