Италијанците се гневни на славната манекенка поради видеото во кое се мајтапи со коронавирусот и глуми задушување

instagram

Шегата на Карла Бруни за Италијанците е недозволива и крајно невскусна.

-Секако дека ќе се бакнеме, не сме ние глупави! Ние сме стара генерација. Не се плашиме од ништо, не сме феминисти и сигурно не се плашиме од коронавирусот, во добро расположение му порачала Карла Бруни Саркози на својот пријател, претседателот на модната групација Lvmh, Сидни Толедан.

Откако снимките ги пренела фрнцуската телевизија „Канал 5“, Италијанците на социјалните мрежи се бесни на “бедниот обид на иронизација на ситуацијата“, пишува италијанскиот дневен весник „Ла Република“.

Јасно е дека поранешната италијанска манекенка, кантавторка и сопруга на поранешниот француски претседател Саркози, се обидела да се пошегува. Јасно е и дека оваа шега била пред Италија да ја зафати епидемија. Но денес, вакво однесување на една јавна личност е недозволиво.

Но, не само што Бруни наредила неколку безобразни изјави, туку и театрално одглумила респираторна криза. Глумејќи напад на кашлица, и тоа пред камери, завршила со напад на смеење. Смеејќи се на болеста која однела, само во последните 24 часа, над триста животи во нејзината татковина, Италија.

Не дека Италијанците немаат слисла за хумор. Но пред ситуација, каква што е оваа, ваквиот хумор, сметаат Италијанците, дека е крајно невкусен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот