Италијанците сакаат промени во Серија А за да ја запрат доминацијата на Јувентус

epaselect epa08567986 Juventus? Cristiano Ronaldo jubilates after scoring the goal (1-0) during the italian Serie A soccer match Juventus FC vs UC Sampdoria at the Allianz stadium in Turin, Italy, 26 July 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Откако Јувентус ја освои деветтата титула по ред во Италија, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, потврди дека се работи на нов формат во Серија А.

Новиот формат требаше да се тестира и наредната сезона но пандемијата на коронавирусот ги запре плановите. Исто и поради завршницата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, оваа идеја е ставена на стенд бај.

– Работиме со фудбалската федерација на Италија на тоа Серија А да има плеј-оф и плеј-аут, за да ја намалиме штетата која е нанесена во последните девет години – изјави Де Лаурентис, притоа алудирајќи на доминацијата на Јувентус.

Последен пат титулата да не му припадне на Јувентус беше во 2010 година кога Милан славеше во Серија А.
Бодовната разлика во последните девет години помеѓу шампионот Јувентус и второпласираната екипа беше 4-9-17-17-9-4-4-11, а оваа сезона разликата може да биде од еден до девет бода.

Според планот на Серија А и на челниците на ФИГЦ e 20. екипи да се поделат во две групи со по 10 тима и тие да одиграат 18 кола. Потоа би следел плеј-офот и плеј-аут. Во битката за титулата би играле најдобрите шест екипи од двете групи, додека останатите четири екипи од двете групи би играле плеј-аут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот