Италијанците најавуваат: Пандев уште една сезона во Џенова!

twitter/pianetagenoa

Како што информира „Калчомеркато“ продолжува соработката помеѓу македонскиот репрезентативец и калчолигашот. Според италијанскиот медиум, и во наредните 12 месеци „Гранде Пандев“ ќе го носи дресот на Џенова.

И натаму нема официјална потврда од клубот, но во претходните денови се огласи и првиот човек Прециози за неговите одлични односи со нашиот фудбалер, а во денешните утрински часови и „Гаѕета дело Спорт“ најавува дека Пандев останува верен на Џенова.

Иако намерата на Горан Пандев беше да стави крај на фудбалската кариера со репрезентацијата на Европското првенство летово, тоа не се случи поради пандемијата на коронавирус.

Можниот историски успех со националната А селекција е одложен за неколку месеци, поточно 8 октомври 2020 година е новиот датум на одигрување на полуфиналниот натпревар од „Лигата на нации“ против Косово за пласман на следното ЕП.

Во вторник Џенова после паузата ќе го има првиот меч сезонава дома против Парма, а нашиот напаѓач заедно со Кришито се најдобри стрелци на клубот. Моментно екипата е на 17 место и во наредниот период ќе се бори за обезбедување на опстанок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот