Италијанците ќе снимаат серија за Синиша Михајловиќ

Синиша Михајловиќ повторно е на лекување против леукемијата/фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е инспирација за многумина откако ја победи леукемијата.

Поради тоа Италијанците одлучија да направат телевизиска серија за Михајловиќ, односно неговиот пат до Црвена звезда, до Италија, судирот со Игор Штимац како и за тоа низ што поминуваше неговото семејство за време на борбата со леукемијата.

„Преговорите се во тек, но не се завршени и поради тоа се уште нема сигурна дата кога ќе започне снимањето како и кога ќе се емитува на ТВ екраните. Синиша е воодушевен од идејата. Целата негова приказна потсетува на одлично сценарио бидејќи тој е личност кој живееше илјада животи“, пишуваат италијанските медиуми.
Главната улога се  очекува да ја добие Пјер Франческо Фавино кој има 51 година, една помалку од Синиша Михајловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот