Италијанците имаат и контроверзен „План Б“ доколку Серија А се прекине или не се продолжи

EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) вчера ги одобри плановите за одигрување на плеј-оф и плеј-аут, или употреба и на алгоритам за одредување на конечниот пласман доколку првенството се прекине поради пандемијата на коронавирусот.

Доколку Серија А која е запрена на 8. март, повторно се прекине ФИГЦ одреди дека сезоната ќе заврши со доигрување за шампион и за местата во европските купови, како и за испаѓање од лигата, а доколку тоа не биде возможно тогаш ќе се употреби алгоритам за одредување на конечниот пласман.

Во тој случај нема да биде прогласен шампион, а конечниот број на бодовите на секој клуб ќе се пресметува на основ на просечниот број на освоите бодови на домашен терен и на гости, потоа тој се помножува со преостанатите натпревари кои требало да се доиграат на домашен терен и на гостински и потоа со додавање на броевите се креира конечна табела.

Според џиталијанската новинска агенција АНСА, 18 екипи го одобриле овој предлог на федерацијата, а само два клуба од Серија А не гласале.
Според протоколот на ФИГЦ, Серија А и Серија Б ќе продолжат на 20 јуни, додека Серија Ц нема да се доигра. Екипите на Виченца, Реџина и Монца во следната сезона ќе играат во Серија Б, додека од неа испаднаа Гозано, Римини и Риети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот