Италијанците го објавија составот за утрешниот меч со Македонија

Фото: kfsm.mk

Мео Сакети, селекторот на Италија, нашиот утрешен противник во првиот меч од балонот“ во Перм, ги одбра 12.кошаркари кои ќе настапат во дуелот против Македонија во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Од оние 14 кошаркари кои ги поведе на пат за Русија, предводникот на „аѕуритеА“ се одлучи на трибините да се најдат двајца кошаркари: Микеле Витали, Симоне Заноти.

На мечот кој стартува од 15.30 часот, ќе ни се спротивстави следниот состав на Италија:

Никола Акеле, Давиде Алвити, Томасо Балдасо, Филипо Балди- Роси, Џордано Бортолано, Леонардо Канди, Амедео Дела Вале, Габриеле Процида, Џампаоло Ричи, Матео Спањоло, Марко Спису и Амедео Теситори.

Воедно ФИБА ги номинираше официјалните лица за турнирот во Перм, судиската правда на одлучувачките битки за пласман на ЕП 2022 ќе ја делат: Томас Јасевичиус, Гвидас Гедвилас (Литванија), Јенер Јилмаз, Зафер Јилмаз (Турција), Александер Деман (Франција), Карстен Штраубе, Стив Битнер (Германија) и Зденко Томасовиќ (Словачка).

Распоред на натпревари на нашиот национален тим во Перм:

18. февруари: Италија – Македонија (15.30)

19. февруари: Македонија – Русија (15.30)

21. февруари: Македонија – Италија (13.00)

22. февруари: Естонија – Македонија (15.00)

Савичевиќ: Секој млад кошаркар сонува за настап на ЕП, учиме од постарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот