Италијанците цело лето во „мисија“ да ја завршат сезоната

фото: твитер

Први на терените во мај ќе се враќаат возбудувањата во Купот, а предвидено е во јуни, јули и август се одиграат преостанатите дуели од Серија А.

Наместо до 30 јуни како што претходно се најавуваше, сезоната во најсилното италијанско првенство ќе трае до 2 август. Медиумите на Апенините пишуваат дека во првата половина на мај клубовите ќе започнат со тренинзите.

А во јуни се очекува да продолжи сезоната, секако, пред празни трибини со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Планот е прво да се одиграат мечевите во Купот на Италија, реванш полуфиналните средби помеѓу Наполи и Интер, односно Јувентус и Милан. Предвидено е тие дуели да се одиграат помеѓу 27 и 31 мај.

Во јуни и јули ќе се одиграат преостанатите натпревари од Серија А, во првите денови на август на програмата ќе бидат последните кола, а потоа се најавува и завршницата во Лига Европа и Лигата на шампионите.

Моментно Јувентус е лидер со 63 бодови, додека Лацио има бод помалку, следува Интер со 54, но и меч помалку…

Во текот на вчерашниот ден, европската фудбалска куќа на видеоконференцијата со федерациите одлучи што ќе се случи доколку не заврши сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот