Италијанците без Мели на Мундобаскетот

Веќе стана секојдневие кошаркарите да го откажуваат настапот на претстојното Светско првенство во Кина (31 август – 15 септември). По вчерашните откази на Алексеј Швед од Русија и Марвин Бегли од САД, денеска и селекцијата на Италија остана без еден од најдобрите кошаркари.

Новиот крилен центар на Њу Орлеанс пеликанс, Николо Мели нема да биде дел од репрезентацијата на Италија бидејќи не успеа на време да се опорави од операцијата на коленото. Николо Мели на 16 јули го оперираше коленото, а Кошаркарската федерација на Италија објави дека состојбата со кошаркарот ќе се следи секојдневно.

Откако стана јасно дека на три недели од стартот на Мундобаскетот во Кина, Мели не е во можност да се приклучи на подготовките, селекторот Ромео Сакети одлучи да прецрта крилниот центар од списокот на евентуални патници за Кина.

Италија на Светското првенство ќе игра во групата Д заедно со репрезентациите на Србија, Ангола и Филипини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот