Италијанците нервозни, за 30 отсто поскапе омилената пица маргарита

пица
Пица / Фото: Unsplash

Цената на популарната пица маргарита во Италија скокна за речиси 30 отсто во однос на декември минатата година.

Ова е далеку поголем скок во однос на стапката на инфлација од 12,3 отсто, што настана поради поскапувањето на енергијата и храната, објави „Блумберг”.

И покрај тоа што италијанската влада потроши 75 милијарди евра за да им помогне на граѓаните со цените на бензинот и сметките за струја, цените на пиците се зголемија.

Италијанскиот национален институт за статистика, како и Министерството за финансии, го следат растот на цените на основните состојки – брашното, доматите, сирењето моцарела и маслиновото масло.

Освен поскапувањето на струјата, најголем скок е забележан кај моцарелата, која е повисока за 27 отсто во однос на истиот период лани, како и кај брашното кое поскапе за 22 отсто.

Ова се состојките кои се наоѓаат во речиси секоја италијанска корпа за пазарење, иако не секој прави пица дома.

Иако постои опширна дебата за тоа кои додатоци се прифатливи за правилна италијанска пица – маргарита, заедно со уште поедноставната верзија без моцарела позната како маринара, се најценетите сорти кај пуристите.

Тие видови пици се меѓу најчесто произведените кои, според водичот за храна „Il Gambero Rosso“, секојдневно се печат низ земјата.

Именувана по Маргерита ди Савој, првата кралица на Италија по нејзиното обединување, легендата вели дека пицата маргарита првично била создадена во чест на нејзината посета на Неапол во 1889 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот