Италијанците го укинуваат законот со кој „се вратија“ фудбалските ѕвездите во Серија А

Златан Ибрахимовиќ од минатата година повторно го носи дресот на Милан/ фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Италијанската влада е подготвена да го укине законот кој го донесе пред две години, а се однесува на фудбалот и кој не ги даде посакуваните ефекти.

Станува збор за „декретот за раст“ како во Италија популарно се нарекува законот со кој се намалува данокот на плати за странски фудбалери кои играат во Серија А.

Италијанските политичари размислуваат да го укинат законот кој е донесен во 2019 година, пишува „Кориере дело Спорт“.

Токму тој закон доведе до дисбаланс на фудбалскиот пазар во Италија со кој се казнуваа домашните, италијански фудбалери, сметаат политичарите.

Со тој закон, на клубовите од Серија А им стана поисплатливо да носат странски фудбалери за кои потоа плаќаа 50 отсто помали даноци, и тоа влијаеше играчи како Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Ромелу Лукаку, Матијс де Лихт да заиграат во Серија А.

Но, сега италијанската влада размислува да го укине овој закон бидејќи со него се „казнуваат“ домашните фудбалери, посебно младите и талентирани играчи кои се поретко добиваат шанса да настапуваат во екипите кои играат во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот