Италија воведува петдневен карантин за сите патниците од земјите членки на ЕУ

Фото: EPA-EFE/Redazione Telenews

Италија ќе воведе петдневен карантин за патници од земјите членки на Европската Унија (ЕУ), соопштија денеска од италијанското Министерство за здравство. Секој патник од ЕУ ќе мора да направи тест пред заминување, да го почитува петдневниот карантин, а потоа повторно да се тестира, што е мерка за патниците од земјите надвор од Унијата.

Таа мерка се однесува на сите граѓани, вклучувајќи ги и италијанските државјани.

Датумот за стапување во сила на новите мерки сè уште не е познат, додека се ближи велигденскиот викенд кој почнува в сабота, а завршува в понеделник, кога традиционално пристигнуваат странски туристи во Италија.

Во земјата во сила се рестриктивни мерки поради пандемијата на коронавирусот, а целата земја ќе биде во „црвена зона” за време на католичкиот Велигден.

Според податоците на Министерството, во Италија досега починале над 108.000 луѓе како последица на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот