Италија во шок: Растурена психо секта која сексуално злоупотребувала девојчиња, водачот го викале „доктор“ (ВИДЕО)

Фото Архива

Полицијата од италијанскиот град Новара откри, благодарение на сведочењето на едно девојче, постоење на „психо секта“, која делувала низ цела Италија повеќе од 30 години.

На чело на сектата чии жртви биле главно млади жени и девојчиња е 77-годишен човек, кому му се обраќање со „доктор“, а според него се однесувале како божество.

Членките на сектата биле подложени на сексуално насилство, за, како што им велел водачот,  да им се запали внатрешниот пламен, и му биле целосно потчинети, а некои успевал сосема да ги изолира дури и од семејствата, а други пак биле вовлечени во сектата заедно со семејството.

Девојчиња и млади жени се бирани од добростоечки семејства, сектата се занимавала и со перење пари, а водачот одлучувал со кој можат да се дружат, што да прават, а и самиот бирал со која жртва ќе се забавува.

Полицијата откри дека водачот имал 26 соработници, сите се под истрага, а во намамувањето на членките учествувале и професионалци како некои психотерапевтки, сопственици на два балетски студија, сопственици на занаетчкиски работилници и други.

Поред наводите на полицијата, дури и девојки од високото културно ниви ризикувале и биле вовлечени во сектата, доколку водачот ги оценел како мета.

Никој не можел да биде сигурен дека нема да биде вовлечен во сектра, сведочеше девојче, а детално соопшти полицијата на вонредна конференција за медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот