Италија во ноември ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и Албанија

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и Албанија на маса во ноември на советот за општи работи (ГАК) кој ќе се одржи на 19 ноември. Од Владата за Телма потврдија дека и премиерот Заев е поканет во Рим.

Во меѓувреме, францускиот претседател Eмануел Mакрон се очекува да ги посети Aлбанија и Северна Македонија наредниве месеци, пишува албанскиот портал Егзит, повикувајќи се на дипломатски извори во Тирана.

Точниот датум сè ште не е одреден, но со својата посета, се чини дека Макрон има за цел да им докаже на Албанија и Македонија дека европската перспектива за двете земји е отворена и Франција ќе помогне во остварување на нивната цел, анализира порталот.

Дипломатски извор потврдил дека како знак на поддршката на Франција за Албанија, Макрон ја основал во Тирана канцеларијата на француската агенција за развој, која ќе спроведе француска помош за развојни проекти во Албанија. Овој чекор веројатно ќе означи зголемување на француската помош, која досега не беше важен донатор на Албанија.

Макрон имаше закажано балканска турнеја минатата година, но истата беше откажана. Наместо тоа, тој ја посети само Србија летово, откако во Париз беше откажан самитот за преговорите меѓу Србија и Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот