Италија во изминатите 24 часа со рекорден број на починати од ковид-19

Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA ATTENTION EDITORS: FACES OF PATIENTS PIXELATED AT SOURCE

Црн рекорд во Италија – 993 смртни случаи од коронавирус и 23.224 новозаразени се регистрирани во земјата изминатите 24 часа.

Ова е значително зголемување на бројот на смртни  и новозаразени случаи кога имаше 685 починати и 20.709 нови случаи на ковид-19.

Претходниот рекорден број на смртни случаи за еден ден беше забележан на до сега најцрниот 27 март, на врвот на првиот бран на пандемијата, кога беа регистрирани 919 смртни случаи.

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Во италијанските болници хоспитализирани се 31.722 пациенти, 682 помалку од претходниот ден, додека 3.597 лица се наоѓаат на одделенијата за за интензивна нега.

Италија беше првата западна земја која беше сериозно погодена од пандемијата, а од ширењето на ковид-19 во февруари, 58.038 луѓе починаа во земјата како резултат на инфекцијата, најмногу во Европа по Велика Британија. Досега се регистриран вкупно 1.665.000 случаи заразени со коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот