19 C
Скопје

Италија влезе во тридневен велигденски карантин

Италија влезе во тридневен карантин за време на викендов кога се празнува католички Велигден. Сите региони во државата се во „црвена зона“ што значи дека во цела Италија на сила се најстрогите рестрикции.

Црквите, пак, се отворени, но верниците ќе присуствуваат на службите само во оние кои се наоѓаат во нивните региони. Папата Франциско и оваа година своето велигденско обраќање ќе го има пред празниот плоштад „Свети Петар“.

По завршувањето на празничниот викенд, дел од регионите ќе се вратат во портокалова и жолта фаза, пренесува „Би-би-си“.

На ваков начин, Италија се обидува да се справи со третиот бран на коронавирусот кој носи по околу 20 000 новозаразени на ден.

Во пресрет на Велигден, во трета блокада влезе и Словенија. Таа ќе трае и по велигденските празници односно до 11 април. На граѓаните им е забрането да ги напуштаат регионите во кои живеат освен за работа, барање помош или за други итни потреби. Училиштата, пак, се префрлија на онлајн настава, а во градинките се згрижуваат само деца на родители кои работат во клучните сектори. Затворени се и музеите, галериите, библиотеките …

Полицискиот час од 22 до 5 часот остана да важи, а на сила стапи и забраната за собирање, па на луѓето ќе е дозволено да комуницираат само со членовите на нивното домаќинство.

Велигден, кој се празнува утре, ќе биде исклучок и граѓаните ќе можат да патуваат низ земјата за да ги посетат роднините. Максимум две домаќинства ќе можат да се собираат, но вкупниот број возрасни над 15-годишна возраст не треба да надминува шест лица.

Франција исто така воведе построги рестрикции кои ќе траат најмалку три недели. Сите училишта се префрлуваат на настава од далечина, а на граѓаните им се забранува да патуваат повеќе од 10 километри од дома доколку немаат оправдана причина.

Во пресрет на Велигден и Рамазан пред неколку дена се огласи и Светската здравствена организација (СЗО) која препорача во земјите каде се дозволени собири, тоа да се прави на отворени.

Во земјите каде вирусот се шири повеќе, препорача СЗО, треба сериозно да се размисли за виртуелни собири, за одложувања или за намалување на големината на овие собири.

Поврзани вести

Димитров: Естонското искуство може многу да ѝ користи на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Слободен печат

Законските решенија за легализација на дивоградби поддржани од матичната собраниска комисија

Слободен печат

Започна средбата помеѓу Пендаровски и Мицкоски

Слободен печат

Филипче: Нема ништо тајно и сомнително при набавката на кинеските вакцини

Слободен печат

Заев очекува Косово да го испочитува меѓународното право и да го екстрадира Африм Исмаиловиќ

Слободен печат

Германија ќе ја препорача вакцината на Џонсон и Џонсон за лица постари од 60 години

МИА Агенција

Остави Коментар