Италија стравува од нов бран, овој пат „српски” коронавирус од Балканот

epa08467375 Activists ride their bicycles during a protest of the Fridays for Future movement for climate protection at Piazza Venezia in Rome, Italy, 05 June 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

На почетокот на јули, италијанскиот весник „Месаџеро” објави дека Балканот се соочува со нов напад на коронавирусот и зголемување на бројот на нови случаи по периодот на постојан пад на нови случаи.

Италија се плаши од нов бран на Ковид-19 во источноевропските земји затоа што некои од нив, како Романија, се членка на Европската унија, додека во другите што не се членки на ЕУ, како што е Србија, е дозволен влез на територијата на Италија, наведува весникот „Република”.

Италија, каде епидемиолошката крива постојано опаѓа, со загриженост го следи тоа што се случува надвор од нејзините граници, особено на Балканот, каде бројот на случаи во последните две недели постојано расте, пишува италијанскиот весник.

Претседателот на италијанскиот регион Венето вчера на прес-конференција рече дека тестирањето покажало дека коронавирусот што циркулира во Србија е поагресивен од тој што е познат во Италија.

– Мутацијата на коронавирусот што циркулира низ Србија не ни е позната. Тестовите покажаа дека четворица позитивни пациенти кои стапиле во контакт со вирусот во Србија, имаат големо вирусно оптоварување – рече Заја.

Неодамна, Венето се соочи со ново жариште на вирусот, бидејќи менаџер од Виченца, кој бил во Србија, двајца негови колеги и едно лице од Падова, имале контакт со вирусот, кој италијанските медиуми го нарекуваат „српски”, но Заја наведува дека ситуацијата во таа област е под контрола.

На почетокот на јули, италијанскиот весник „Месаџеро” објави дека Балканот се соочува со нов напад на коронавирусот и зголемување на бројот на нови случаи по периодот на постојан пад на нови случаи.

Италија забранува влез на нејзината територија од 13 земји, вклучувајќи ја Црна Гора и Северна Македонија, а Србија е меѓу не-шенген земјите на кои им

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот