Италија со траект до Драч ги пренесува телата на 12 албански државјани

Починати лица од коронавирус / Фото: Архива

Од италијанското пристаниште Бари, со траект кој испловил синоќа, се пренесуваат телата на 12 албански државјани, кои починале од новиот коронавирус.

Траектот ќе вплови во албанското пристаниште Драч, по што возилата со посмртните останки ќе продолжат до родните места на починатите, каде ќе бидат погребани само со неколку најблиски роднини.

Поради состојбата со коронавирусот, во Албанија, на погребите присуствуваат само по едно до две лица најблиски роднини, а се случува доколку најблиските се во странство, погребот да помине и без присуство на роднини, како што беше случајот со неколку постари жени.

Пред два дена „Antenna Sud“ објави неколку слики направени во пристаништето Бари од фотографот Франческо Сацент. Веста беше објавена под наслов „Коронавирус, последното патување дома”, додавајќи дека ова е „тажно враќање во нивната земја”.

„Овде во Италија најдоа работа, го остварија сонот. Од пристаништето Бари драматични слики од погребни автомобили со албански државјани жртви на пандемијата. Тие ќе „патуваат” со траектот „Марина” до Драч за да почиваат во татковината.

Во Италија, која е една од најпогодените земји од коронавирусот, живеат над 500.000 илјади албански граѓани. Засега нема точна бројка колку од нив се заразени и починати од опасниот вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот