Италија со пад на БДП од 8,3 отсто

Вработеноста во досегашниот дел од годината е намалена за 9,3 отсто и се очекува заздравување од 4,1 процент следната година.

Италијанската економија може да почне да размислува на опоравување од идната година. а за оваа се предвидува пад од 8,3 отсто, соопшти денеска италијанската Агенција за статистика.

Агенцијата наведува дека вработеноста во досегашниот дел од годината е намалена за 9,3 отсто и се очекува заздравување од 4,1 процент следната година.

Најлошото сценарио предвидува пад на италијанската економија за 13,1 отсто оваа година, а во 2021 година би се зголемила за 3,5 проценти.

Италија е првата земја во Европа која прогласи карантин поради пандемијата на Ковид-19. Рестриктивните мерки кои влијаеја врз нејзината економија се воведени во март, а почнаа постепено да се укинуваат во мај и јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот