Италија со фрлање паричка остварила победа на стартот од Европските првенства

epa09248579 Italy's Domenico Berardi (C) celebrates with teammates after scoring a goal during the international friendly soccer match between Italy and the Czech Republic at Renato Dall'Ara stadium in Bologna, Italy, 04 June 2021. EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Утре (11 јуни), петок со почеток од 21.00 часот на стадионот „Олимпико“ во Рим ќе започне Европското фудбалско првенство помеѓу репрезентациите на Италија и Турција.

На досегашните 15 еврошампионати во воведните натпревари домаќините имале само победи, од кои една е остварена со фрлање паричка.

Шпанија ја победи Унгарија со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“ по продолженијата, Италија го победи СССР четири години подоцна во Неапол фрлајќи паричка по завршувањето на мечот без голови.

Франција ја победи Данска со 1:0 во Париз во 1984 година, Белгија славеше над Шведска со 2:1 во Брисел во 2000 година, а со истиот резултат Франција ја победи Романија на последното Европско првенство.

Само четири репрезентации се натпреваруваа на првото Европско првенство во 1960 година во Франција, и двата полуфинални натпревари беа одиграни на 6 јули. Но, дуелот меѓу Франција и Југославија на „Паркот на принцовите“ започна половина час порано од пресметката меѓу СССР и ЧССР.

Во одличен дуел полн со пресврти, Југославија ја совлада Франција со 5:4. Милан Гајиќ ги доведе гостите во водство во 11 минута, но само 60 секунди подоцна израмни Жан Винсен. „Триколорите“ потоа имаа позитива од 3:1 и 4:2, но Југославија дојде до победа со голем пресврт. Франсоа Хет (43, 62) и Меријан Висниевски (53) погодија за домаќините, а Анте Жанетиќ (55), Томислав Кнез (75) и Дражан Јерковиќ (78, 79) за Југославија.

Воведниот натпревар на Европското првенство во 1968 година помеѓу Италија и СССР во Неапол беше секако еден од „најлудите“, а Италијанците се пласираа понатаму фрлајќи паричка.

Едно од најголемите изненадувања го приреди Грција во 2004 година, која ја победи Португалија со 2:1 на воведниот натпревар во Порто. Карагунис (7) и Басинас (51 мин. од пенал) донесоа дадоа предност за Грција од 2:0, а во последните моменти од мечот Роналдо само го ублажи поразот.

Интересно е тоа што Португалија и Грција исто така го одиграа својот последен натпревар на ЕВРО во 2004 година, а Грците повторно славеа за освојување на европската титула. Решавачкиот гол го постигна Харистеас во 57 минута.

На последното Европско првенство во 2016 година во Франција, домаќинот ја победи Романија со 2:1.

ВИДЕО I Атлетик ја анализира играта на Македонија, имаат одличен пресинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот