Италија: Се враќаат на работа докторите и сестрите суспендирани зашто не сакаа да се вакцинираат

epa-efe
Болница во Италија /Фото: EPA

Италијанските лекари и медицински сестри суспендирани затоа што не биле вакцинирани против ковид-19 наскоро ќе бидат вратени на работа, изјави денеска новиот министер за здравство, Орацио Скилачи.

Причината за потегот на властите е алармантниот недостиг на медицински персонал и намалувањето на случаи на заразени со коронавирус. Новата влада, исто така, ќе ги укине ограничувањата со кои се соочуваа луѓето постари од 50 години кои не се вакцинирале, рече Скилачи во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството.

Владата на претходниот премиер Марио Драги ја направи вакцинацијата задолжителна за наставниците и здравствените работници во 2021 година, а во јануари оваа година го прошири условот за сите луѓе на возраст од над 50 години. Во случај на одбивање на вакцинација, предвидена беше суспензија за вработените во јавниот сектор и глоба од 100 евра за луѓето постари од 50 години.

Во соопштението на веб-страницата на Министерството за здравство се вели дека Скилачи смета дека е соодветно да се врати ситуацијата во нормала и најави дека запира објавувањето дневни податоци за ширењето на коронавирусот, хоспитализациите и смртните случаи. Информациите сега ќе се објавуваат на неделно ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот