Италија сака да гради мостови меѓу Сирија и ЕУ

Знаме на Италија / Фото EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Италија ја изрази својата подготвеност да дејствува како градител на мостови меѓу Сирија и Европската унија по падот на долгогодишниот владетел Башар ал Асад, јави ДПА.

– Италија е подготвена да ја одигра својата улога во промовирањето на реформскиот процес во Сирија, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани по денешниот состанокот со сирискиот де-факто владетел Ахмед ал-Шараа во Дамаск.

Тајани се сретна и со својот сириски колега Асад ал Шајбани и го увери дека внимателно ќе го следи „процесот на смирување и обнова на земјата“.

– Целта е да се промовира политички процес кој ги гарантира основните права на сите Сиријци и ја признава улогата на христијаните како граѓани со целосни права, рече тој.

Тајани е третиот министер за надворешни работи на ЕУ кој допатува во официјална посета на новите власти во Сирија по пучот на почетокот на декември, по министрите Аналена Бербок и Жан-Ноел Баро, кои отпатуваа таму пред околу една недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот