16.8 C
Скопје

Италија: Ренци ја смени одлуката, нема да ја урива Владата

Неколку највлијателни италијански медиуми пишуваат дека лидерот на партијата „Италија Вива” Матео Ренци, кој во изминатиот еден месец се заканува со распаѓање на Владата, по телефонскиот разговор со шефот на државата Серџо Матарела одлучил, засега, да се откаже од своите намери.

Ренци се согласил да се усвои т.н. „План за обнова”, документ за распределба на 209 милијарди евра кои ЕУ ги намени за Италија за закрепнување од здравствената и економската криза.

Тој изјави дека се „согласува Планот да биде усвоен”, но ниту потврди, ниту демантира дека телефонски разговарал со Матарела и оти тоа е причината што во рок од 24 часа ја сменил својата ултимативна одлука.

Медиумите пишуваат дека италијанскиот претседател „не се мешал во политичките одлуки, бидејќи тоа не е негова работа”, но сугерирал што треба да биде приоритено за политиката во овој момент.

Матео Ренци, некогашен премиер на Италија, е лидер на малата партија „Италија Вива”, која е дел од коалициската Влада на актуелниот премиер Џузепе Конте. 

Поврзани вести

Борисов: Замислете си дека сте Македонци и дека соседот ве блокира

Катерина Блажевска

Грција испрати во Албанија 20.000 вакцини „Астра Зенека“

Слободен печат

Израелските сили во мај привеле 3.100 Палестинци

Слободен печат

Велкова-Тодоровска: Извештајот на омбудсманот денеска пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Слободен печат

Кина испраќа тројца астронаути во Вселената

Слободен печат

Уaпceн Седат Пекер: Кoнтpoвepзниoт бизниcмeн co македонски пacoш бил пpивeдeн вo Дубаи

Слободен печат

Остави Коментар