Италија продава куќи за еден долар, а нема дополнителни услови!

Италијанскиот град Бизача нуди домови за 1 долари, а овој пат не постои минимум кој треба да го потрошите на реновирање.

Уште еден прекрасен италијански град продава домови за 1 долар, или околу 1,11 долари, со цел да да привлече купувачи.

Италијанскиот град Бизача нуди домови за 1 долари, а овој пат не постои минимум кој треба да го потрошите на реновирање.

Бизача се наоѓа во јужниот регион Кампанија, нешто повеќе од 80 километри од Неапол. Деведесет домови се понудени за продажба по цена од 1 долар.

Бизача беше силно погоден од емиграција, како и од низата земјотреси во далечната 1980 година.

– Тука се соочуваме со многу посебна ситуација – рече заменик-градоначалникот на градот Бизача Франческо Тартаља.

– Пустошот се шири над најстариот дел од селото. Напуштените куќи се распоредени рамо до рамо по истите патишта. Некои дури имаат и заеднички влез. Ги покануваме семејствата, групите пријатели, роднини, луѓе кои се познаваат меѓуебе или инвеститорите да ги здружат силите. Ги охрабруваме да купат повеќе од еден дом за навистина да направат влијание и да вдахнат нов живот тука-рече заменик-градоначалникот, Франческо Тартаља.

За потсетување, ова не е првпат град во Италија да го преплави домашниот пазар со продажба на куќи од 1 американски долар, со надеж дека ќе ги оживее заедниците кои со децении се замрени. Некои дури понудија даночни олеснувања за да ги стимулираат доселениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот