Италија предупредува: ЕУ ќе се распадне доколку Италијанците ги смета за лепрозни

Италијанскиот министер наведува дека конкуренцијата во туризмот е една работа, но тој инсистираше на здрав и фер европски одговор на барањето за повторно отворање на границите на ЕУ по завршувањето на пандемијата

Италијанскиот министер за надворешни работи предупредува дека Европската унија „ќе се распадне” доколку владите на земјите од ЕУ, во текот на летната туристичка сезона, ги третираат Италијанците како лепрозни поради „црниот список” на кој ја ставаат Италија како еден од европските епицентри на коронавирусот.

Луиџи Ди Мајо го објави тој статус на својот Фејсбук профил денеска по одлуката на Грција да ги исклучи Италијанците, како и граѓаните на Шпанија, Велика Британија и други земји со висока стапка на инфекција, од списокот на странски туристи кои се добредојдени ова лето.

Италијанскиот министер наведува дека конкуренцијата во туризмот е една работа, но тој инсистираше на здрав и фер европски одговор на барањето за повторно отворање на границите на ЕУ по завршувањето на пандемијата.

„Ако се однесувате поинаку и погрешно, духот на ЕУ ќе се изгуби. И Европа ќе се распадне”.

Ди Мајо го пофали францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан, кој првпат ја посети Италија во средата.

Ди Мајо најави дека следната недела ќе патува во Германија, Словенија и Грција за да ја претстави подготвеноста на Италија за прием на странски туристи. Туризмот и неговите сродни економски гранки учествуваат со околу 13 отсто од БДП на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот