Италија предлага тестирање на патниците на аеродромите во ЕУ

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Според неа, треба да се тестираат туристите што заминуваат и патниците што се враќаат.

Италија предлага соработка на земјите-членки на ЕУ во спроведувањето взаемни тестирања на коронавирусот, што пред се ќе се однесува на патниците на аеродромите, а со цел побрзо сузбивање на пандемијата.

– Мерката треба да се однесува на сите граѓани, без оглед на националноста – рече италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца.

Италијанската заменичка министер за здравство Сандра Зампа во интервју за „Кориере дела сера” рече дека предлогот на Италија вклучува тестирање на туристи во рамки на Унијата врз основа на реципроцитет.

Според неа, треба да се тестираат туристите што заминуваат и патниците што се враќаат.

– Тоа е единствениот начин да се вратите на патување, но на безбеден начин – рече италијанската функционерка.

На 3 јуни, по речиси три месеци блокада поради пандемијата, Италија ги отвори своите граници за влез од земјите на ЕУ, а од 15 јуни Италијанците можат да ги посетуваат земјите на ЕУ без задолжителен карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот