Италија пред нов предизвик: Поради намалените економски активносте се очекува пад на БДП до 13 отсто

Гувернерот на Италијанска Банка предупредува на „можен раст на невработеноста, социјалното незадоволство и бројот на сиромашни семејства“.

Гувернерот на Италијанска Банка, Игнасио Виско Бруто, прогнозира дека по пандемијата во оваа земја БДП наредните месеци би можел да опадне и до 13 отсто.

Тој предупредува на „можен раст на невработеноста, социјалното незадоволство и бројот на сиромашни семејства“. Според него во наредниот период само едно нешто е јасно – „Единствено сигурно е тоа што ништо нема да се знае“.

– Она што може да потврдиме е дека и понатаму ќе се намалува потрошувачката, ќе има помалку работа, а семејните проблеми ќе потраат. Луѓето ќе се обидат да штедат, со оглед на неизвесната иднина, вели Бруто.

Меѓудругото тој ги поддржа мерките што ги воведе Владата на премиерот Џузепе Конте за санирање на последиците од пандемијата и апелираше до сите социјални субјекти полека да почнат да ги напуштаат старите навики и да ја повратат способноста за развој и раст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот