Италија попушти голем број мерки – аеродромите полни со луѓе

По речиси три месеци блокади дозволено е собирање на поголем број лица, до илјада на отворен простор и до 200 во затворен.

Во Италија денеска почна третата фаза на ублажување на мерките и со неа се предвидува отворање на кино салите, театрите, концертните платформи како и летните центри за деца, пренесуваат италијанските медиуми.

Во некои од регионите посетителите ќе може да свратат и во дискотека, но без танцување, а во авионите нема да има обврзување на оддалеченост на патниците, што значи дека ќе се продаваат билети за сите седишта, но рачниот багаж се уште ќе биде забранет, пишува „Кориере Дела Сера“.

По речиси три месеци блокади дозволено е собирање на поголем број лица, до илјада на отворен простор и до 200 во затворен.

Во кината и театрите ќе се седи според претходно утврден распоред, а за концертите пропишана е мегусебна оддалеченост на музичарите и диригентот и оркестарот до два метри.

Во летните центри за деца пропишан е максимален број на деца според старосната група.

Во Ломбардија, најпогодента област во Италија од коронавирусот, се уште задолжително мора да се носат маски, а мерењето температура е задолжително и за вработените и за посетителите во рестораните.

Аеродромот со најголем сообраќај во Милано денеска беше полн со патници.

Во Италија од Ковид – 19 заболеа 237 илјади лица, а починаа 34.345 пациенти.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот