Италија плаче заедно со Гатузо, почина неговата сестра

твитер

Семејството на легендарниот италијански фудбалер и актуелен тренер на Наполи, Џенаро Гатузо е во шок, почина неговата сестра Франческа на 37-годишна возраст.


Сестрата на Гатузо од февруари беше хоспитализирана на интензивна нега во болница во Варезе, но нејзината состојба се влошила и таа денеска ја загуби битката со болеста.

Џенаро Гатузо, уште во февруари по мечот против Џенова, отпатува за Ломпардија за да биде покрај болната сестра но откако екипите добија дозвола да почнат со тренинзи, тој се врати во Неапол. Трагичната вест Џенаро ја дозна за време на тренингот на Наполи во трениг центарот во Кастел Волтурно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот