Италија од денеска ги отвора границите, засилените мерки остануваат

Фото: Unsplash

Забраната за собири и обврската да се зачува безбедно растојание меѓу луѓето е се уште во сила во Италија со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, што земјата ја погоди сериозно, одземајќи повеќе од 33.000 животи, што земјата ја крена на третото место според бројот на жртвите од коронавирусот, по САД и Велика Британија.

Италија денеска ги отвора регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата на коронавирусот, со што овозможува поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители на земјата, а од денеска се дозволени и пристигнувања од Шенген-зоната без карантин.

Регионалните граници се отворени уште од полноќ, и покрај спротивставените ставови на италијанските власти за отворањето на границите на Ломбардија, регионот што беше најтешко погоден во Италија, на што се противеа лидерите на регионите од југот, каде имаше помал број случаи на коронавирус отколку на северот од земјата.

Покрај отворањето на регионалните граници, одредени области во Италија, сепак, ги засилуваат контролите и мерките за да се спречи ширењето на вирусот преку „ следење на туристите ” со дигитални апликации, мерење на температурата со термички скенери, неопходни хотелски резервации и пополнување на прашалници по пристигнувањето.

Ломбардија, Венето и Лигурија побараа целосно враќање во нормалноста, Тоскана побара уште една недела чекање, Кампања ја критикуваше одлуката за отворање на границите, а Сардинија најави „здравствени пасоши” за пристигнување на туристите, што министерот за регионални работи, Франсоа Боа, го смета за неуставно.

Забраната за собири и обврската да се зачува безбедно растојание меѓу луѓето е се уште во сила во Италија со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, што земјата ја погоди сериозно, одземајќи повеќе од 33.000 животи, што земјата ја крена на третото место според бројот на жртвите од коронавирусот, по САД и Велика Британија.

Употребата на заштитна маска е задолжителна во затворен простор достапен за јавноста, вклучително и во јавниот превоз, а во регионите Ломбардија, Трентино, Фриули-Венеција, Пулија, Кампања, но и во градот Ѓенова маските се задолжителни и на отворено.

На железничките станици телесната температура на патниците ќе се мери со термички скенери, а доколку е над 37,5, нема да им биде дозволено да патуваат со воз.

Во Италија продолжуваат да работат 24-те аеродроми, пристигнувањето е дозволено од 26 држави и тоа без карантин, додека пристигнувањата од земјите надвор од Шенген-зоната ќе бидат дозволени од 15 јуни.

Италија е прва земја во Европа што воведе карантински мерки на целата територија на почетокот на март, а со првично олеснување на рестриктивните мерки почна од 4 мај, за потоа на 18 мај да следеа и нови чекори. По денешното отворање на границите, за 15 јуни е најавено и отворањето на кината и театрите, а училиштата и стадионите ќе останат затворени.

Повеќе од 233.000 лица во Италија се заразија со Ковид-19 од почетокот на кризата, а во моментов има околу 39.000 активни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот