ИТАЛИЈА НАЈЗАДОЛЖЕНА ВО ЕВРОПА: Неочекувано висок долг и во Франција

Европската комисија во својата квартална економска прогноза соопшти дека Германија ќе одржува буџетскиот суфицит уште најмалку до 2021 година, дека дефицитот на Франција ќе биде над границата на ЕУ во оваа година, а долгот на Италија ќе се зголеми на скоро 140 проценти од БДП-то.

Во извештајот се истакнува дека еврозоната ќе одржува неутрален фискален став оваа и следната година, и покрај постојаните повици од Германија и побогатите членки да посветат повеќе ресурси за борба против економскиот застој.

Според Европската комисија, и покрај влошувањето на изгледите за економски развој, Германија ќе го задржи својот голем буџетски суфицит на 1,2 проценти од БДП-то. Суфицитот ќе се намали на 0,6 проценти следната година и 0,2 проценти во 2021 година.

Холандија ќе има суфицит од 1,5 проценти во оваа година, следната 0,5 проценти и 0,4 проценти во 2021 година.

Италија, која е веќе најзадолжена во ЕУ, ќе го зголеми својот долг на 136,2 проценти во оваа година и следната година на 136,8 проценти и 137,4% во 2021 година.

Проекциите на Европската комисија се разликуваат од оние на италијанската администрација.

Рим верува дека нивниот долг ќе се намали на 135,2 проценти во следната година и дека овој тренд ќе продолжи во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот