Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба за да помогне кризата со коронавирусот да се држи под контрола, бидејќи Владата се обидува да избегне бран нови случаи што ги погодуваат другите европски земји.

Вонредната состојба, која треба да истече во средината на октомври, им дава повеќе овластувања и на регионалните и на централната Влада, што им го олеснува на службените лица да ја заобиколат бирократијата која отежнува многу одлуки во Италија.

– Верувам дека Владата ќе мора да побара понатамошно продолжување, изјави потсекретарот за здравство Сандра Камп за државниот радиодифузер РАИ.

– Вонредната состојба и дозволува на Владата брзо да ја намали бирократијата доколку е потребно, рече таа.

Италија е првата земја во Европа која беше нападната од ковид-19 и има најголем број на жртви на континентот, односно 35.851 од почетокот на епидемијата во февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот