Италија најголем увозник на струја во Европа

струја

Франција е најголем извозник на електрична енергија во Европа во првите 11 месеци од годинава, а Италија е најголем увозник, покажува истражувањето на европските пазари на интерконекторите, спроведено од аналитичката куќа ЕнАпСис.

Студијата покажала дека Франција во периодот од 1 јануари до 30 ноември остварила вкупен нето извоз на електрична енергија од 39,4 терават часови (TWh), при што повеќето е испорачано на Италија (13,3 TWh)  и на Германија (11 TWh).

Високото ниво на нето извозот е благодарејќи на големите количества енергија од нуклеарните централи и ниските гранични трошоци поврзани со таков вид на енергија, што го прави атрактивно за целиот европски пазар.

Италија е најголем увозник на електрична енергија од јануари до ноември со 36,6 TWh.

Најголем дел од увезената енергија и испорачала Швајцарија (17,6 TWh), зголемувајќи го производството од обновливите извори, но и понатаму зависи од нуклеарната енергија како свој главен извор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот