Италија најави построги казни за прекршителите на мерките за ограничување на движењето

Во Италија веќе трета недела е во сила забраната за движење, а според владината одредба ќе трае до 3 април.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте најави построги казни за прекршителите на владините мерки за ограничување на движењето.

Италијанската Влада на вчерашната седница одреди парични казни од 400 до 3.000 евра за прекршителите. Досега казната изнесуваше 206 евра.

Во Италија веќе трета недела е во сила забраната за движење, а според владината одредба ќе трае до 3 април.

Во Италија регистирани се 69.176 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои 6.820 починаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот