Италија на 24 јануари оди на претседателски избори, Драги и Берлускони можни кандидати

Марио Драги и Силвио Берлускони/ Фото Fotogramma / Zuma Press / Profimedia

Заедничка седница на двата дома на италијанскиот Парламент е свикана за 24 јануари попладне, кога ќе треба да се избере претседател на Републиката, соопшти денеска Претставничкиот дом, пренесува АП.

Договорот претходно го постигнаа претседателот на Претставничкиот дом Роберто Фицо и претседателката на Сенатот Марија Каселати.

Во Италија шефот на државата го избираат пратеници, сенатори и советници од 20 региони.

За победа во изборот се потребни две третини од гласовите во првите три круга од гласањето, а апсолутно мнозинство во четвртиот.

Во Италија со нетрпение се чека изборот на наследник на претседателот Серџо Матарела и засега ништо не е сигурно. Медиумите со недели шпекулираат за кандидатурата на актуелниот премиер Марио Драги за наследник на Матарела, но некои би сакале оваа функција да и биде доверена на жена.

На страната на десницата постојано се споменува името на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Во Италија претседателот има важна улога, особено во време на криза, бидејќи неговите овластувања вклучуваат распуштање на парламентарните домови и именување министри.

Седумгодишниот мандат на претседателот Матарела истекува во февруари.

Милијардер со претседателски амбиции: Враќање на „отпишаниот“ Силвио Берлускони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот