Италија менува боја на мапата на ризик од ковид-19: Поголем дел од земјата од недела во портокалово

Фото: freepik.com

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца денеска треба да потпише указ со кој поголем дел од државата ќе се најде во портокалова боја на ризик од инфекција со вирусот ковид-19, а полицискиот час од 22 до 5 часот наутро останува во сила.

Со црвена боја ќе остане Ломбардија, регионот што беше најпогоден од првиот бран на вирусот, Сицилија и провинцијата Болзано.

Тие правила ќе стапат на сила в недела, а одлуката на Сперанца се заснова на најновите податоци на Министерството и на Институтот за јавно здравје. Новата регулатива предвидува и забрана за патување меѓу региони, освен од деловни и здравствени причини, како и неопходни ситуации, а забраната ќе остане на сила до 15 февруари.

Зонскиот систем значи дека во најризичната, црвена, зона, сите ресторани и барови ќе бидат затворени, освен оние што доставуваат храна, а сите продавници што продаваат непрехранбени производи ќе бидат затворени.

Во портокаловата зона, која се смета за зона со среден ризик, продавниците можат да работат, но баровите и рестораните се затворени. Во умерената, жолта, зона, баровите и рестораните можат да бидат отворени до 18 часот по локално време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот