Италија: Кривични пријави за сите трговци кои продаваат маски по огромни цени

Како што пренесуваат италијанските медиуми, освен што цената е преголема, продавачите преку интернет лажно тврдат дека нивните производи нудат „целосна заштита” од коронавирусот.

Финансиската полиција во Италија ќе поднесе кривични пријави против сите трговци кои продаваат заштитни маски за лице и други производи кои ги огласуваат преку Интернет како заштита од новиот коронавирус наречен Ковид-19.

Полицијата денеска соопшти дека открила луѓе кои продаваат маски и по цена од 5.000 евра за парче.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, освен што цената е преголема, продавачите преку интернет лажно тврдат дека нивните производи нудат „целосна заштита” од коронавирусот.

Финансиската полиција во соопштението наведува дека се поднесени пријави за 20 лица кои лажно огласувале, а запленети се илјадници маски за лице и прочистувачи за воздух.

Лажното огласување се казнува со затворска казна во траење до две години.

По појавувањето на коронавирусот во Италија, во неколку делови на земјата маските за лице и антибактериските гелови се купувале во огромни количини, по што се препродавале по енормни цени.

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо на прес-конференција рече дека Владата разгледува мерки за смирување на цените.

Светската здравствена организација апелира маски да се носат само во случај на редовен контакт со заразени лица и оние кои кашлаат и киваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот