Италија ќе издвои 200 милијарди евра за банкарска гаранција

Ројтерс пишува дека 30 милијарди евра ќе бидат наменети за малите и средни претпријатија кои се столбот на италијанската економија.

Италијанската државна агенција за заштита на депозити и кредити и нејзината извозна агенција ќе бидат овластени годинава да дадат гаранција за банкарски кредити во вредност од 200 милијарди евра.

Според владината нацрт – уредба во која увид имала агенцијата Ројтерс, државниот трезор ќе формира наменски фонд од милијарда евра за давање гаранција на банките на кредити наменети за намалување на влијанието на кризата со корона вирусот врз економијата во земјата.

Британската агенција додава дека од оваа сума, 30 милијарди евра ќе бидат наменети за малите и средни претпријатија кои се столбот на италијанската економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот