Италија ќе го продолжи карантинот до 3 мај

Фото: EPA-EFE/ANDREA FASANI

Италијанската Влада одлучи до 3 мај да го продолжи карантинот наметнат поради коронавирусот, што истече на 13 април, објавија италијанските медиуми повикувајќи се на синдикатите.

Одлуката, што се уште не е официјално објавена, беше нагласена вчера на состанокот на членовите на кабинетот, вклучително и премиерот Џузепе Конте, со претставници на синдикатот и претставниците на работодавачите.

„Застанете до 3 мај, а потоа излегуваме”, пишува „Стампа”, сопственост на „Фиат”.

„Италија ќе биде затворена до 3 мај”, пишува на насловната страница на весникот „Кориере дела Сера”, што има најголем тираж.

Според медиумите, по 13 април може да се олеснат и мерките за некои несуштински активности, како што се книжарниците, продавници за канцелариски материјали, продавниците за облека за деца и некои компании за земјоделски машини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот