Италија ја повика ЕУ да биде на висина на задачата што ја постави пандемијата

Фото: ЕПА

Италија ја повика Европската унија да биде на висина на задачата што ја поставува пандемијата на Ковид-19, бидејќи во спротивно на Унијата и се заканува смртна опасност.

„Без солидарност, врските и причините за постоењето на (Европската унија) паѓаат во вода”, предупреди претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, во интервју за весникот „Кориере дела Сера” во кое тој испрати оптимистичка порака – „Точно е дека (…) Европа се зацврстува преку кризите со кои се соочува”.

„Европа може да стане посилна”, нагласи тој.

Но, услов за тоа е „земјите-членки да разберат дека не можат да излезат (од кризата) доколку секоја се грижи за себе”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот