Италија ја постигна целта: Вакцинирани 60 отсто од населението над 12 години

Ресторан во Италија ковид-19 коронавирус
Ресторан во Италија / Фото EPA-EFE/MATTEO CORNER

 Италија ја постигна целта за целосно вакцинирање на 80 проценти од населението над 12 години против коронавирусот, според официјалните бројки, цел што Рим ги постави како безбедносна граница, пренесува АНСА.ит.

Според владината веб-страница, 43.229.551 лица постари од 12 години, од вкупно 60 милиони жители, го завршиле својот циклус на вакцинација на 10 октомври.

Целта од 80 проценти беше поставена во март од специјалниот комесар за борба со епидемијата на коронавирус, генерал Франческо Паоло Фиглиуоло.

Гвидо Раси, поранешен директор на Европската агенција за лекови (ЕМА) и сегашен советник на Филиуолу, рече дека тоа „не е само симболичен праг”.

„Ова е нивото што пресметките покажуваат дека е во корелација со значително намалување на циркулацијата на вирусот и драстично намалување на хоспитализациите”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот