Италија им забрани влез на државјаните на Србија, Косово и Црна Гора

Италија денеска забрани влез во земјата на патници кои доаѓаат од Србија, Косово и Црна Гора за да спречи увоз на случаи на ковид-19 од странство.

„На сите кои престојувале во овие земји во последните 14 дена им е забранет влез и транзит низ Италија. Во светот има епидемија во својата најтешка фаза. Ни треба максимум внимателност за да го одбраниме напредокот кој го направивме досега“; изјави министерот за здравство Роберто Сперанза.

Минатата недел Италија веќе им забрани влез на луѓето кои доаѓаат од 13 земји, вклучувајќи и Бразил, за кој важи тоа дека има највисока стапка на новозаразени од ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот