Италија и Шпанија ја повикуваат Европа да им помогне

Фото: МИА

Шпанија, Италија, Франција и уште шест други членки побараа од ЕУ  да го подели теретот на европскиот долг

Италија и Шпанија побараа помош од ЕУ и од секоја од земјите членки одделно, поради алармантната ситуација во овие две држави како последица од високиот степен на смртност и инфицираност од коронавирусот.

Двете држави заедно имаат повеќе од половина од вкупната бројка на починати во светот од вирусот корона, и секојдневно бележат по нови 800 починати.

Италијанскиот премир Ѓузепе Конте оцени дека Европа мора да покаже дека е способна да одговори на овој, како што го нарече, историски предизвик.

Конте додал дека кризата покрај здравствена, започнува да станува и економска и социјална и дека државите членки мора да се изборат и да ја сопрат пандемијата. Успехот ќе биде загарантиран доколку Европа се обедини во борбата, оцени Конте.

Бројот на смртните случаи во некои земји би можел да биде многу поголем од што е официјално пријавено, сметаат ексепртите додавајки дела за разлика од САД, Франција и Италија не ги бројат смртните случаи од старските домови во вкупниот број на смртните случаи од коронавирусот.

Шпанија, Италија, Франција и уште шест други членки побараа од ЕУ  да го подели теретот на европскиот долг од, као што ја нарекуваат медиумите, корона обврзницата, како би можеле поефикасно да се борат против коронавирусот. На ова барање првично се противеше Холандија, но подоцна соопшти дека е подготвена  да издвои една милијарда евра.

Бројни европски држави се противеа на барањата за помош упатени од нивните сојузнички од ЕУ, кои први беа на удар на коронавирусот, и кои откако се соочија со висока бројка на заразени и починати, јавно бараа помош во медицинска опрема и заштитни маски.

Навредени и шокирани од ваквиот однос, Италија и Шпанија јавно ја прозваа ЕУ и некои држави сојузнички, нарекувајки ги себични и некооперативни.

Малку во лутина но многу поради безизлезната ситуација, овие две земји се свртеа кон Кина која со голем број воени авиони  донираше заштитна медицинска опрема и лекови за потребите на нивните болници.

Италијанската јавност веќе ги нарече кинезите браќа, а Европа себична и неспособна, поради што Италија треба да си ги преиспита идните односи со Брисел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот