Италија го укина карантинот за патници од ЕУ, од Велика Британија и од Израел

Милано, Италија, 05 декември 2020 година/Фото: EPA-EFE/Mourad Balti Touati

Во Италија од денеска е укинат карантинот за патниците од земјите-членки на Европска Унија, од Велика Британија и од Израел. Но, за влез во земјтата и понатаму е потребен негативен тест на Ковид-19.

Минатата недела беше најавено укинување на карантинот за посетителите од ЕУ, од Израел и од Велика Британија со цел да се помогне на туризмот.

Во Италија за Велигден беше воведен петдневен карантин.

Италија, првата европска земја каде се појави Ковид-19, по строгите рестриктивни мерки воведени во текот на зимата и забрзаната вакцинација, бројот на новозаболени лица на дневно ниво се намали под 10.000. но, се уште е голема бројката на смртни случаи односно околу 200 починати од последици од коронавирусот на дневно ниво. Италија по смртноста е на второ место во Европа, по Велика Британија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот