Италија ги затвори пристаништа за мигрантите поради коронавирусот

Фото: EPA

Од вирусот во Италија досега почина повеќе од 17 илјади лица што е најголем број на жртви во светот. 

Италијанските пристаништа не можат да се сметаат за безбедни поради епидемијата на коронавирусот и нема да дозволат впловување на хуманитарни бродови со мигранти, одлучи Владата во Рим.

Одлуката е донесена синоќа откако брод под знамето на германската невладина група Морско око спаси околу 150 луѓе во близина на Либија и плови кон Италија.

– За време на целата вонредна состојба поради ширењето на коронавирусот, италијанските пристаништа не можат да ги гарантираат потребните услови и да бидат дефинирани како безбедни места, се вели во уредбата.

Одлуката ја потпишаа министрите за внатрешни работи и за транспорт, како и министерот за здравство Роберто Сперанза, кој доаѓа од левичарската партија, која секогаш поддржува кампањи за заштита на мигрантите и хуманитарни операции.

Од вирусот во Италија досега почина повеќе од 17 илјади лица што е најголем број на жртви во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот