Италија ги затвори границите за 13 земји, меѓу нив е и Македонија

Суспендирани се и директните и индиректните летови со тие држави.

Италија ги затвори границите за 13 земји, вкулувајќи ја и Македонија и БиХ од балканските, сметајќи ги за најризични места за ширење на коронавирусот.

Забраната за патувања се однесува и на Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, БиХ, Чиле, Кувајт, Северна Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република, објави министерството за здравство.

„Епидемијата е глобално во најакутна фаза. Не можеме да ја загрозиме жртвата која Италијанците ја поднесоа во последните месеци“, рече министерот за здравство Роберто Сперанза.

На граница ќе се блокираат и луѓето кои биле или транзитираат низ тие земји во последните две недели, додаде тој.

Суспендирани се и директните и индиректните летови со тие држави.

Италија оваа недела се бореше со зголемен број нови случаи поврзани со доаѓања од Бангладеш која на „црвената листа“ е ставена во вторникот.

Епидемијата во Италија ја помина критичната фаза, но постои страв дека нови жаришта може да предизвика вториот бран од заразата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот