Италија ги продолжи мерките за ограничување до 3 мај

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Конте повторно го изрази своето разочарување од реакцијата на Европската унија која соопшти дека со 500 милијарди евра ќе го финансира надминувањето на економските предизвици што се појавија заради пандемијата.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска соопшти дека владата го продолжува рокот на важноста на рестриктивните мерки против ширењето на коронавирусот до 3 мај, иако некои продавници повтотно ќе може да ги отворат своите врати уште од 14 април, пренесоа британските медиуми.

-Тоа е тешка, но неопходна одлука, за која јас ја преземам  политичката одговорност, рече премиерот Конте на прес  конференцијата во Рим.

Драконските ограничувања за движење и затворањето на повеќето продавници и бизнис активности низ цела Италика беа наметнати на 9 март и требаше да завршат на 13 април.
Премиерот кажа дека ќе се напрат некои исклучоци и од 14 април ќе може повторно да се отворат книжарниците, продавниците за канцеларски материјали и за детска облека  и бебешки производи.
-Не можеме да мислиме дека вирусот самиот ќе исчезне од нашата територија, не можеме да си дозволиме враќање на заразата, изјави Конте.
„Ако се откажеме сега ризикуваме да ги изгубиме сите  позитивни резултати и ќе треба да тргнеме од ново, од нула”, предупреди тој, цитиран од француските медиуми.
Конте повторно го изрази своето разочарување од реакцијата на Европската унија која соопшти дека со 500 милијарди евра ќе го финансира надминувањето на економските предизвици што се појавија заради пандемијата.
-Првичните проценки покажуваат дека ќе бидат потребни 1,5 трилиона евра, рече тој.
„Европските одлуки претставуваат само првиот чекор и таа е недоволна”, дополни италијанскиот премиер.
Тој уште еднаш повтори дека сака да се направи систем за обединување на долгот, преку таканаречената корона-обврзница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот