Италија е новиот патник на ЕУРО 2020 (ВИДЕО)

twitter.com/azzurri

Во групата „Ј“ Италијанците со седмиот триумф во низа вечерва на стадионот „Олимпико“ во Рим против Грција (2:0) и официјално го обезбеди настапот на ЕП, претходно тоа го направи селекцијата на Белгија.

Во 63 минута поради играње со рака беше досуден пенал за „аѕурите“, а сигурен реализатор од белата точка беше Жоржињо, а конечниот епилог го постави Бернардески во 78 минута со гол над 20 метри.

Ерменците не го искористија поразот на Финците, одиграа само 1:1 кај селекцијата на Лихтенштајн (1:1). Но, затоа ќе биде вистинска борба до самиот крај за втората позиција, на врвот е Италија со 21 бод, пред Финска (12), а по 10 имаат Ерменија и Босна и Херцеговина, далеку зад нив е Грција (пет), а последен Лихтенштајн (два).


Шпанската селекција беше многу блиску до седмата победа по ред во рамките од групата „Ф“ овојпат на стадионот во Осло против Норвешка каде што поведе со голот на Саул на стартот од вториот дел со еден прекрасен погодок во мрежата на Јарстејн. Во самиот финиш (90+2) домаќинот стигна до реми од пенал, прецизен беше Кинг.

Во истата група Шведска ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Малта и дефинитивно со Романците ќе води битка за второто место на табелата, но не се „отпишуваат“ и Норвежаните.

Во генералниот пласман води Шпанија со 19 бодови, пред Шведска (14), Романија (13), Норвешка (10), Малта (3) и Фарски Острови (0).

Квалификации ЕП 2020

Резултати –

Италија-Грција 2:0
Лихтенштајн-Ерменија 1:1
Малта-Шведска 0:4
Норвешка-Шпанија 1:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот