Италија доби „ковид фри“ возови: Потребен е негативен тест за влез во возот кој сообраќа меѓу Рим и Милано

Денес започнаа да сообраќаат два брзи воза меѓу Милано и Рим, наутро и навечер, кои ќе бидат „ковид фри“  , пишува весникот „ Ил Џорнале“.

Ова значи дека само оние кои имаат негативен тест за вирусот корона ќе можат да патуваат во возови, кои ќе ги поврзуваат двата града без запирање.Патниците ќе можат да се тестираат во шаторите поставени пред железничките станици на двата града .

Тестот не смее да биде постар од 48 часа, а доколку патникот со купениот билет е позитивен, тој ќе може да си ги врати парите за билетот.

Исто така, патниците ќе бидат проверени, тие ќе треба да ги покажат своите лични документи заедно со билетот и негативниот тест, а тие ќе бидат на станицата најмалку 45 минути пред поаѓањето на возот.

За овие потреби, Црвениот крст на Италија обезбеди со купениот билет бесплатен тест за ковид-19 , кој во Италија се плаќа околу 50 евра.

Министерот за одржлив транспорт и инфраструктура, Енрико Џованини и министерот за туризам, Масимо Гараваjaа, исто така, беа на возот „ковиф фри“ од утрово од Милано.

Патниците во возот „ ковид фри “ сепак ќе мора да се придржуваат до претходно воведените анти-ковид ограничувања, што значи дека ќе мора да носат заштитни маски и да седат на строго обележани места за време на патувањето, со цел да ја одржат физичката оддалеченост.

Ова значи дека вагоните ќе бидат исполнети со 50 проценти од капацитетот.

Во Италија, забраните за патување меѓу регионите остануваат во сила, освен во оправдани случаи како што се здравствени потреби и работни обврски.

Минатата година, среде првиот бран на пандемијата, повеќето од железничките линии беа во прекин, освен главните, како што е овај меѓу Рим и Милано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот