Италија дефинитивно нема да игра Светското првенство во Катар 2022

Италијанците во мундијалскиот бараж загубија од Македонија/фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, ја отфрли можноста дека „аѕурите“ би можеле да настапат на Светското првенство во Катар што ќе се игра во ноември и декември годинава.

Кобни за Италијанците беа Македонија и Александар Трајковски кој голот за пласман во финалето од баражот за пласман на Мундијалот го постигна во 92 минута.

Италијанските медиуми изминатите денови и недели пишуваа дека доколку Еквадор биле исфрлен од СП во Катар, тогаш „азурите“ би добиле покана за настап, но вчера Гравина ја отфрли оваа можност.

– Шансите за настап на Италија на Светското првенство се нула отсто и тоа мора да им биде јасно на сите. Европа има 13 места на СП и сите тие се пополнети. Доколку Еквадор биде исфрлен, тогаш неговото место ќе го зазеде репрезентација од Јужна Америка. Тоа е одговорот од ФИФА – изјави Гравина.

Италијанците на 1 јуни ќе играат против Аргентина во Лондон, во дуел меѓу континенталните шампиони на УЕФА и КОНМЕБОЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот